Immigration History from Macedonia (FYROM) (Македонски) to Victoria
Македонците најпрвин пристигнаа во Викторија во раниот 20ти век како „печалбари“: мажи кои дојдоа да се обогатат со намера да се вратат дома. Но, многумина одлучија да се населат и патуваа по селата барајќи работа како сезонски работници. Други создадоа зеленчукови градини или мали бизниси во селските и градски подрачја. Членовите на првиот бран имигранти го спонзорираа имигрирањето на членови на семејството, многумина од кои ја преживеаја граѓанската војна која ја опустоши Егејска Македонија (Северна Грција) во доцните 1940ти години.
Во 1959 година во Фицрој се изгради првата македонска Православна црква, Св. Ѓорги. Во мала мера миграцијата продолжи по Втората светска војна, но бројот на мигранти се зголеми во доцните 1960ти до1970тите. Ова се должеше на влошената економска ситуација во Социјалистичка Република Македонија, тогаш дел од Југословенската федерација.
За време на 1980тите македонската заедница во Викторија оснива неколку културни организации за поддршка на своите членови. Во 1981 година Македонската православна заедница на Мелбурн и Викорија отвори Македонски центар во Епинг. Федерацијата на македонски здруженија во Викорија (Federation of Macedonian Associations) се оснива во 1984 година, а потоа Македонската федерацијата на пензионери (Macedonian Senior Citizens’ Federation) во 1989 година. Во овој период исто така се формира Здружението за благосостојба на македонската заедница (Macedonian Community Welfare Association) и низа уметнички и спортски групи.
Во 1991 година Македонија ја прогласи својата независност од Југословенската федерација. Наскоро во Австралија почнаа да пристигаат деловни мигранти од Македонија.
Во 2011 година имаше 18,309 Викторијци родени во Македонија, мнозинството од кои живеат во населбите Епинг, Томастаун и Лалор. Заедницата во главно е македонска православна и најголем дел зборуваат македонски дома. Многумина се работници, додека други работат во улога на службеници, продавачи и професионалци. Македонскиот советодавен и консултативен комитет (Macedonian Advisory and Consultative Committee) е една од многуте организации кои денес активно ја поддржуваат македонската заедница во Викторија.